Летна акција на книги „Светот кај нас“

– Издавачката куќа „Феникс“ денеска почнува летна акција на книги – „Светот кај нас“ која ќе трае до 5 септември. Целта е на читателите да им бидат понудени најнови и најбарани книги и други изданија со саемски цени.

Во 30 книжарници во речиси сите градови во државава ќе бидат претставени голем број нови изданија за возрасни, деца и млади од автори од 15 држави од Европа и светот.

– Во книжарниците ќе бидат претставени бестселерите од едицијата „Меридијани“, новата едиција за најмладите „Учење низ игра“ и голем број други разновидни, содржајни и привлечни дела, Застапени се познати автори од странство и Македонија, а со оваа акција  „Феникс“ сака да им помогне на книжарниците и да го поттикне, поддржи и стимулира книжарството, соопшти издавачката куќа.

Истовремено со акцијата на книги, „Феникс“ ќе ги промовира и електронските портали „Кирилица“ (www.kirilica.mk) и едукативниот портал „Учење низ игра“ (www.ucenjenizigra.mk). 

Back to top button
Close