Летно работно време на зонските паркиралишта, ќе се плаќа до 23 часот

Јавното претпријатие „Градски паркинг“ информира дека од утре започнува летно работно време на јавните површини наменети за паркирање во зоните А,Б,Ц и Д.

Паркирањето во овие зони ќе се наплаќа од понеделник до сабота од 07 до 23 часот, а ваквото работно време ќе важи до 1 октомври.

Од Град Скопје им препорачуваат на сите корисници на услугите за паркирање на ЈП „Градски паркинг“ навремено да вршат плаќање за паркирањето на зоните согласно со наведеното време на информативните табли, во спротивно ќе бидат  санкционирани.

Back to top button
Close