Летонија даде дозвола за доброволци што сакаат да се борат за Украина

Летонскиот парламент едногласно изгласа да им дозволи на своите граѓани, доколку сакаат да се борат во Украина.

„Нашите граѓани кои сакаат да ја поддржат Украина и доброволно да служат таму во одбрана на украинската независност и нашата заедничка безбедност можат да го сторат тоа – изјави претседателот на парламентарната Комисија за одбрана, внатрешни работи и спречување корупција, Јурис Ранчанис.

Како што се наведува, парламентарната комисија го подготвила законот со кој им се дозволува на летонски државјани доброволно да се вклучат во одбрана на Украина.

 

 

Back to top button
Close