Леверкузен најде замена на Вирц во Манчестер Сити
Флоријан Вриц би можел да го напушти Леверкузен ова лето поради профитабилните понуди кои би можел да ги добие германскиот тим, но тимот на Чаби Алонсо веќе пронашол негова замена.
И тоа во форма на талентираниот играч на Манчестер Сити – Џејмс Мекати.
Како што одминува сезоната ќе има се поголем интерес за Вирц, а Баер ќе има решение доколку се оствари продажбата. Леверкузен сигурно нема да се согласи на цена помала од 100 милиони евра за својот најталентиран играч, но сведоци сме на фактот дека многу тимови денес можат да си ја дозволат таа цифра.
Токму поради оваа причина, Леверкузен би сакал повторно да инвестира во иднината. Мекати дури оваа сезона почна да биде играч во ротацијата на Манчестер Сити. Во Премиер лигата забележа девет настапи и успеа да постигне два гола.
Пеп Гвардиола често го фалеше и го посочуваше како иднина на „граѓаните“. Меѓутоа, доколку наскоро не добие сериозна шанса, иако тоа е тешко во ваква конкуренција, тој би можел да биде новиот Кол Палмер