ЛЕВИЦA: ДПМНЕ ЈА ЗАКЛУЧИ АНКЕТНАТА ЗА КОЧАНИ ВО ФИОКА – ЛЕВИЦА Е ЕДИНСТВЕНАТА ШТО ИНСИСТИРА ТАА ДА ПРОРАБОТИ

📣Седумнаесет месеци по трагедијата во Кочани, државата успеа да произведе нешто речиси подеднакво морбидно како сопствениот институционален распад што доведе до неа – парламентарна комисија која постои на хартија, а осум месеци нема членови, седница, расправа и никаков резултат. Родителите коишто со право бараат одговори, Собранието им сервира некакви флоскули за усогласувања, а ДПМНЕ, кое ја предложи и изгласа оваа конструкција, денес не може да го направи ни најелементарното, односно, да достави имиња за сопствената комисија. Ниту ДПМНЕ ниту СДСМ не предложија членови, единствено #Левица достави предлози за член и заменик-член.
➡️За Левица, Кочани никогаш не беше неколкудневна политичка тема. Речиси непосредно по трагедијата, пратеникот Борислав Крмов ја иницираше првата надзорна расправа за институционалните пропусти што овозможиле „Пулс“ да функционира. Шесте пратеници од Левица ги дадоа своите потписи, а од останатите пратенички групи одбиваа и не се обезбедија потребните дополнителни девет потписи.
🔂Следуваше втор обид – власта го собори. На третиот обид, преку Постојаната анкетна комисија со која претседава проф. д-р Димитар Апасиев, Левица конечно успеа да ја изгласа надзорната расправа. Значи, она што денес ДПМНЕ го третира како процедурален товар, Левица трипати го враќаше во институционална постапка додека мнозинството бараше начин да го тргне од дневен ред.
‼️И кога надзорната расправа конечно беше закажана за 8 јули 2025 година, следуваше нова собраниска акробација – нејзино поништување преку претседателот на Собранието Африм Гаши. Апасиев на тоа одговори со тужба до Управниот суд против Собранието и Гаши, токму поради начинот на кој беше пресечена веќе закажаната расправа. Шестемина пратеници на Левица претходно поднесоа и кривична пријава против премиерот Христијан Мицкоски за „попречување на правдата“, во контекст на постапувањето по кочанската трагедија.
✅Во декември, по претставката на родителите, Апасиев ја свика Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот. Од седницата произлегоа конкретни заклучоци: осуда на институционалната нефункционалност и системското непочитување на прописите, барање Обвинителството да постапува непристрасно и неселективно, расчистување на слабостите и можната корупција при издавање дозволи и инспекциски надзор, итни законски измени за регулаторната и инспекциската контрола на угостителските објекти и објектите за јавни настани, заострување на кривичната одговорност на службените лица, како и посебен закон за финансиска поддршка на семејствата.
❌Предлозите беа доставени до пратеничките групи уште во декември. ДПМНЕ ги остави ЗАГЛАВЕНИ и ОСУМ МЕСЕЦИ подоцна консензус сè уште нема.
🤯Наместо да ги прифати заклучоците произлезени од самата расправа, ДПМНЕ излезе со свои нереални контра-заклучоци во насока на пофалба на власта и нивното прифаќање го претвори во политички услов. Со други зборови, власта сака однапред да го напише исходот на процесот што допрва треба да ја испитува нејзината институционална одговорност. Комисија што треба да утврдува каде потфрлил системот се условува со документ што треба да го испере истиот систем. Тоа е, практично, договор за политичка амнестија, а не парламентарна контрола.
📌Истиот маневар беше вграден и во самата специјална Анкетна комисија. Предлогот Кочани да добие посебна комисија, поддржан од Левица, СДСМ и ДУИ, беше соборен со само 28 гласа. Потоа ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ изгласаа друг модел – Кочани го ставија во пакет со Модуларната болница, Беса транс и Ласкарци. На тој начин трагедијата беше претворена во политички пакет со кој секој може секому да му вади стара трагедија како противтежа. Уште тогаш беше јасно дека наместо фокусирано расчистување се создава механизам за меѓусебно уценување. Денес го имаме и практичниот доказ – оние што ја изгласаа комисијата не сакаат ни да предложат кој ќе седи во неа.
➡️Левица своите претставници ги предложи самоиницијативно. Другите до денес не го направија тоа.
‼️Координаторот на пратеничката група на Левица, Борислав Крмов, со месеци го отвора пва прашање на речиси секоја собраниска координација, барајќи конечно да се достават имињата и комисијата да почне со работа. Одговорот е истото административно мочуриште – дописи, усогласувања, чекање и молк.
⚠️Посебно гротескно звучи обидот на Мицкоски да ја обезвредни целата работа со тезата дека „правда на Анкетна комисија не може да има“ и дека правдата ја носи судот. Никој не му бара на Собранието да изрекува затворски казни. Парламентот утврдува политичка и институционална одговорност, ги лоцира системските дефекти и ги менува законите што ги овозможиле. Токму од тој втор вид одговорност бега ДПМНЕ.
📄А резултатот од таа бегалска политика најдобро се мери во законите. По трагедијата од светски размери, единствената законска измена беше забраната за употреба на пиротехнички средства во затворени простории. Левица предупредуваше дека Владата нема понудено системски пакет за лиценцирањето, инспекциската контрола, безбедноста на објектите и службената одговорност. Токму тие точки подоцна беа вградени и во заклучоците на Апасиев, и токму тие осум месеци чекаат ДПМНЕ да најде политичка волја да ги прифати.
🏛️Левица ја иницираше надзорната расправа. Левица ја враќаше трипати откако беше блокирана. Левица ја изгласа. Апасиев ја закажа и поведе судска постапка кога беше поништена. Левица ја отвори Постојаната анкетна комисија. Левица подготви заклучоци со конкретни законски и институционални обврски. Левица единствена предложи член и заменик во специјалната Анкетна комисија. Координаторот на Левица со месеци бара таа конечно да биде составена.
❌ДПМНЕ за истите седумнаесет месеци успеа да произведе контра-заклучоци, условувања, нефункционална комисија, никаква системска промена, реформи, нема промена ниту во нивните коруптивни практики.
📣По Кочани повеќе нема простор за парламентарен театар во кој сите наводно се за правда, додека секој механизам што може да стигне до одговорност се остава без кворум, членови или заклучоци. Доколку ДПМНЕ навистина сака расчистување, не му треба уште една прес-конференција. Нека ги достави членовите, нека ги тргне политичките уцени и нека дозволи комисијата да почне да работи. Сè друго е продолжување на истата институционална неодговорност што Кочани ја плати со млади човечки животи.

Back to top button
Close