Левица бара оставка од пратеникот Сергеј Попов откако пред 10 години возел пијан и прегазил жена
Претседателот на УМС и пратеник од редовите ВМРО-ДПМНЕ Сергеј Попов, во 2014 година, бил фатен возејќи пијан, со 1,43 грам промили алкохол во крвта, без дозвола за возење и притоа предизвикал тешка сообраќајна несреќа, повредувајќи невина жена, изјави денеска на прес-конференција Петар Здравевски од Левица и раководител на подмладокот на партијата.
Здравевски наведува дека „Попов е лицемерен“, бидеќи, како што вели, деновиве јавно повикува на протести против убијците и возачите кои удираат, повредуваат или убиваат пешаци, а и самиот е виновен за вакво кривично дело.
-Како може Попов да се дрзне да зборува за “системот кој убива”? Сергеј Попов, кој ги загрозува животите на другите, сега го користи своето криминално досие како платформа за нова политичка кариера. Тоа што повикува на протести е само обид да го прикрие од очите на јавноста своето криминално минато, користејќи ги трагедиите на другите луѓе за свој личен интерес, кажа Здравевски, потенцирајќи дека Левица бара од Попов да си даде неотповиклива оставка од функцијата пратеник и оставка од функцијата во УМС на ВМРО-ДПМНЕ.“, рече Здравевски.
Во пресудата што ја објавија од Левица стои дека Попов пред десет години бил осуден поради тоа што без возачка дозвола и под дејство на алкохол прегазил жена, која за среќа не го загубила нејзиниот живот.
Пратеникот Сергеј Попов по убиството на Фросина преку социјалните мрежи повика на протести против системот кој како што напишал убива.
Заедно со моите колеги од УМС, денес ќе се придружиме на протестниот собир пред Силбо, да изразиме сочувство за Фросина, како и револт против системот кој убива. – напиша Попов на Фејсбук лицемерно пречутувјќи дека и тој под дејство на алкохол и без возачка дозвола со автомобилот кој го возел удрил во жена и и нанел тешки телесни повреди- нагмешување на главата а за тоа по дури 4 години судот му пресудил само 500 евра парична казна без друга потешка казна која му следувала. Сергеј Попов е син на академикот Живко Попов.