Левица: Бараме итно замрзнување на цената на струјата за домаќинствата и преиспитување на одлуката за поскапување

Наместо покачување на платите и животниот стандард, граѓаните од јануари ќе плаќаат повисоки сметки за струја, благодарение на немањето визија од владата предводена од премиер „енергетичар“.  Македонија е држава каде енергетскиот сектор е во колапс, откако вчера владата прогласи кризна состојба, а РКЕ донеси одлука за покачување на цената на струјата под диктат на приватниот монопол ЕВН ХОУМ, се истакнува во соопштението од ПП Левица

Наместо покачување на платите и животниот стандард, граѓаните од јануари ќе плаќаат повисоки сметки за струја, благодарение на немањето визија од владата предводена од премиер „енергетичар“.

Македонија е држава каде енергетскиот сектор е во колапс, откако вчера владата прогласи кризна состојба, а РКЕ донеси одлука за покачување на цената на струјата под диктат на приватниот монопол ЕВН ХОУМ, се истакнува во соопштението од ПП Левица.

Иако владата на Мицкоски ветуваше дека ќе го укине надоместокот за мрежарина од 200 денари, не само што не го укина, туку факт е дека Македонците плаќаат најскапа струја во регионот. Ова е уште еден доказ дека енергетскиот сектор е поставен да носи сигурен профит за приватниот капитал и дека оваа влада е единствено во служба на енергетската мафија.

Впрочем, и самиот Мицкоски своето богатство го акумулира преку приватни хидроцентрали и сомнителни бизниси во енергетскиот сектор, за кои до ден денес јавноста нема целосно информации. За Левица е очекувано премиер кој потекнува од приватниот енергетски сектор да го брани интересот на бизнис-олигархијата, наместо интересот на мнозинството граѓани.

Дополнително, РКЕ со Бислимовски повторно се докажа дека е целосно непотребна институција, која само ги аминува барањата на австрискиот капитал! Затоа, Левица ќе бара укинување на оваа регулаторна комисија, која никако не го штити интересот на народот.

Наместо таложење милионски профити за австриска ЕВН, Левица бара итно замрзнување на цената на струјата за домаќинствата и преиспитување на одлуката, како и државната ЕСМ продажба да биде постојан законски универзален снабдувач.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close