Левица: Бизнис зделка на Касами го оштети буџетот на тетовчани за околу 5 милиони евра


Коалицискиот партнер на ДПМНЕ, Биљал Касами, којшто овозможи рушење на фабриката „Тетово Табак“, целиот нејзин имот го продал за сума од околу 7 илјади евра (457.450 денари), за подоцна, во соработка со Советот да изврши негова пренамена и овозможи истиот овој имот преку ноќ добие вредност од 5 МИЛИОНИ ЕВРА, се наведува во соопштенеито од Левица.

Купопродажниот договорот криен од јавноста, бил склучен на 20.10. 2022 година, за две години подоцна Советот на Општина Тетово да донесе измени на ГУП и ДУП за Блок 31 со кои е направена пренамена од класа „Г“ – индустриски објекти во класа „А“ – домување. Со оваа одлука е зголемена вредноста на имотот, па така, имотот којшто Општина Тетово го продала за 7.000 евра, АД „Тетово Табак“ застапувано од ликвидаторите Боже Грозданоски, Никола Корубин и Драган Влаховиќ го продале (заедно со купеното државно земјиште) на „ЕЛАСТАН ДООЕЛ“ за 5.005.000 евра.

Советот на Општина Тетово иако имал можност ова земјиште да го пренамени во насока на јавниот интерес, овозможи зелена површина или јавен објект за потребите на граѓаните, тоа не се случи и на истото место ќе никнат згради со околу 2000 станови. Со ова ремек дело на урбанистичката мафија, и во овој мафијашки процес, коалицискиот партнер на ДПМНЕ, Биљал Касами, општината и граѓаните ги ограбиле за околу 5 милиони евра.

Левица бара итна ревизија и поништување на продажбата, кривична одговорност за сите инволвирани и законска забрана за промена на намена на државно земјиште по продажба. Ова е симбол на тоа како партиите на власт ги третираат државата и јавното добро – како плен за своите соработници!“, додаваат оттаму.

Back to top button
Close