Левица: Дали МВР И Панче Тошковски намерно го прикриваат шпионскиот скандал во кабинетот на Сиљановска?!

❗️Додека претседателката Гордана Силјановска-Давкова јавно бара институциите ажурно да постапат во врска со шпионската афера во нејзиниот кабинет, јавноста е сведок дека Министерството за внатрешни работи со месеци НЕ ДОСТАВУВА клучни информации и вештачења до Обвинителството. Ова отвора сериозен сомнеж дека МВР и министерот Панче Тошковски свесно се обидуваат да го сокријат скандалот и да ја ПОПРЕЧАТ истрагата за утврдување на фактичката состојба.
⚠️Според информациите во медиумите, МВР сè уште не ги доставило податоците од вештачењата на компјутери, телефони и безбедносни камери поврзани со случајот на шпионирање доверливи податоци од кабинетот на претседателката. Наместо ефикасна и професионална истрага, јавноста повторно гледа институционална опструкција и молк.
🚨Очигледно е дека МВР под раководство на Панче Тошковски станува НАЈСЛАБА АЛКА во системот за гонење на криминал. Наместо да биде гарант за законитост и безбедност, Министерството се претвори во институција обременета со скандали, непрофесионализам и сомнежи за корупција во сопствените редови.
❗️Дополнително, загрижува фактот што и покрај бројните скандали во полицијата, Панче Тошковски нема спроведено никаков суштински ВЕТИНГ во МВР, не се вршат тестови за професионален интегритет, ниту јавноста гледа сериозни дисциплински постапки и одговорност по низа трагични случаи, вклучително и случаите со фемициди каде институциите потфрлија во заштитата на жртвите. Наместо темелни реформи и расчистување со компромитирани структури, во МВР владее континуитет на неказнивост и институционална заштита.
🔸️Во мандатот на Тошковски јавноста е сведок на НИЗА АФЕРИ, селективно постапување и институционален хаос, а овој случај дополнително ја потврдува неспособноста и незаинтересираноста на МВР да се справи со сериозни безбедносни закани.






