Левица: Додека директорите слават партиски родендени, шумската мафија ја пустоши и Јабланица

Опозициската партија Левица денеска обвини за масовна нелегална сеча на планината Јабланица, тврдејќи дека надлежните институции не преземаат мерки за спречување на уништувањето на шумите.
Од партијата велат дека по претходните предупредувања за сеча на Лопушник не добиле одговор од ЈП „Македонски шуми“, а одговорноста ја лоцираат кај раководството на претпријатиет
Според Левица, локални жители сведочат дека речиси секој викенд се врши сеча на немаркирани дрва, додека процесот за прогласување на Јабланица за национален парк со години е во застој.
Од партијата оценуваат дека актуелната власт не покажува доволна волја за заштита на планината, иако делот од Јабланица во Албанија веќе има статус на национален парк.
Левица се повикува и на ревизорски извештаи за ЈП „Македонски шуми“, кои, според нив, укажуваат на слабости во работењето, партиски вработувања и недоволна борба против нелегалната сеч
Од партијата побараа итни мерки за заштита на шумите и забрзување на постапката за прогласување на Јабланица за национален парк.






