Левица: Договорот не значи коалицирање, туку уривање на режимот на ДУИ и СДСМ

Претседателот на партијата, Димитар Апасиев денеска на социјалните мрежи напиша: „Крај на заевизмот, ДУИ конечно во опозиција“.

Во него се вели дека вчера на координативна средба Лeвица, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса, Алтернатива и Беса договорија пад на Владата на СДСМ-ДУИ.

„Со обезбедување на потребното мнозинство во Собранието на Република Македонија, загарантирано е распуштање на Владата преку гласање на недоверба – во случај Зоран Заев да не ја поднесе својата оставка. Овој договор, во ниеден случај, не значи коалицирање, и е со единствена цел – да се урне хибридниот режим на ДУИ и СДСМ. Левица и понатаму, односно и на идните парламентарни избори, ќе настапува самостојно – како единствен политички претставник на македонската угнетена класа. За идните избори и тоа кој и како ќе ги организира, претстојат понатамошни преговори во рамки на новото мнозинство“ вели лидерот на Левица – Димитар Апасиев.

Back to top button
Close