Левица: Два дена по избори – тони ѓубре во Ново Лисиче

Во срцето на Ново Лисиче, само два дена по изборите, контејнерите прелеваат, а околината е полна со изборен отпад – летоци, плакати, картони, шишиња, се вели во соопштението од Левица.
Од партијата велат „Слика и прилика на тоа колку им е грижа. Пред избори сите беа на улица, ветуваа чист воздух и чисти улици, а сега, ни воздух, ни улици само смет и контејнери што прелеваат“.
„Ниту општината, ниту јавните претпријатија досега реагирале. Очигледно побитна им е кампањата за втор круг, отколку хигиената во општината“ велат од Левица.