Левица ги повикува партиите на консултации за Изборниот законик

Координаторот на пратеничката група на Левица, Борислав Крмов, најави дека Левица во понеделник официјално ќе ги покани опозициските партии на средба за Изборниот законик, со цел да се излезе со заеднички предлог за една изборна единица, стои во соопштение на Левица, кое МИА го пренесува интегрално.

„Прво и основно, ова е бегање од одговорноста на ДПМНЕ. Нема потреба да се состанува само опозицијата, треба сите. Но, во ред, ако веќе ни ја префрлаат топката, ние го прифаќаме предизвикот – ќе свикаме средба на опозициските партии. Планираме од понеделник официјално и да ги поканиме опозициските партии.”, истакна пратеникот Крмов.

ПП Левица

Back to top button
Close