Левица ги промовира новите десет кандидати за градоначалници
Левица со гордост го претставува новиот бран кандидати за градоначалници на локалните избори 2025 година. Станува збор за вистинските луѓе, со интегритет и длабоки врски со своите заедници, кои ја споделуваат визијата за чесна, транспарентна и праведна локална самоуправа, се вели во соопштението од Левица.
Кандидатите на Левица се:
Гевгелија – Тони Аврамов, професор по македонски јазик
Куманово – Мирослав Петковиќ, актер и м-р по сценско-изведувачки уметности
Македонски Брод – Марјан Ѓурчески, магистер по фармација
Крушево – Зоран Јаневски, дипломиран сообраќаен инженер
Кочани – Жаклина Филипова-Свеќаровска, професор по македонски јазик и литература, член на Советот на Општина Кочани
Илинден – Мартин Маринковски, пензионер и поранешен командир и лидер на тим од Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“
Пехчево – Невенка Тренчевска, инженер за животна средина
Берово – Мирче Кировски, доктор по ветеринарна медицина
Ранковце – Иван Нешевски, дипломиран едукатор по семејни студии
Старо Нагоричане – Андреј Димитријевски, ветеринарен техничар, сопственик на сточарска фарма
Со оваа група на кандидати, Левица покажува дека вистинската сила доаѓа од народот – од луѓето кои ја познаваат својата средина, кои се дел од секојдневниот живот на граѓаните и се подготвени да работат чесно и одговорно.
Левица останува доследна на својата борба против корупцијата, непотизмот и расипничкото трошење на јавните пари. Нашите кандидати се луѓе кои ќе ја вратат локалната самоуправа во рацете на граѓаните.