Левица го прослави 10-тиот роденден

Со свечен настан, во присуство на голем број членови и дипломатски кор, политичката партија Левица го одбележа својот 10-годишен јубилеј од самото формирање на партијата. На настанот, свое свечено обраќање имаше претседателот на Левица, проф. д-р Димитар Апасиев, осврнувајќи се на почетоците, растот, предизвиците и понатамошната визија на единственото автентично левичарско движење во регионот и пошироко.
-Од левичарска идеја и движењето за социјална правда – ЛЕНКА; преку студентскиот и синдикален активизам и анти-империјализам; се до денешен ден кога Левица е ПАРЛАМЕНТАРНА партија и ВТОРА партија во главниот град на Република Македонија!
Со години ни велеа да молчиме, да трпиме и да веруваме дека нема избор.
Но избор секогаш има – прашањето е дали имаме ХРАБРОСТ да го направиме.
Десет години откако Левица застана таму каде што другите молчеа.
Десет години глас за работникот, за обесправениот, за оние што системот ги заборави. Ова се десет години во кои идејата не се продаде, а БОРБАТА не се откажа.
Со овој настан, славиме минато полно со отпор, но уште повеќе – иднина што доаѓа!, порачаа лидерот Апасиев.

Извор: fokus.mk






