Левица: Мицкоски молчи за одлуките на Судскиот совет затоа што пак функционира „тефтерчето“
-Наместо најавените „професионални и департизирани институции“, јавноста е сведок на враќање на старите шеми, во кои политичката лојалност повторно станува поважна од стручноста и законитоста – реагира Левица
Јавноста е сведок на враќањето на старите шеми, односно профункционира „тефтерчето“ повторно, што е видливо со изборот на судијката Даниела Димовска за в.д. претседател на Основниот кривичен суд – Скопје од страна на Судскиот совет, а премиерот Христијан Мицкоски молчи, реагира партиајта Левица.
Оттаму велат, Мицкоски замолчи за институцијата што до неодамна викаше дека работи „мафијашки“.
„Наместо најавените „професионални и департизирани институции“, јавноста е сведок на враќање на старите шеми, во кои политичката лојалност повторно станува поважна од стручноста и законитоста. Во фокусот на критиките на правната фела е скандалозниот избор на судијката Даниела Димовска за в.д. претседател на Основниот кривичен суд – Скопје. Иако била единаесетта според бодови, Судскиот совет ја избрал неа, спротивно на членот 89 од Законот за судовите, кој јасно пропишува дека:…в.д. претседател на суд се избира судија кој во последната година е оценет со највисока позитивна оцена и има најмногу бодови во споредба со останатите“се вели во реакцијата на Левица.
Опозициската партија наведува дека Димовска има партиско минато како асистент на пратеникот Влатко Ѓорчев и советничка на претседателите на Собранието Трајко Вељановски и Љубиша Георгиевски, а дополнително, нејзиниот сопруг работи во кабинетот на Тимчо Муцунски.
„Контроверзноста е зголемена со фактот што нејзината кандидатура била предложена од Данка Ристова, нова членка на Судскиот совет, инаку сопруга на Ацо Ристов, градоначалник на Радовиш од редовите на ВМРО-ДПМНЕ“ се вели понатаму во реакцијата на Левица.
Од Левица потенцираат дека интерпелациите и изгласаната недоверба на половина од членовите на Судскиот совет не беше ништо друго освен обид за дисциплинирање на Советот, кој сега велат тие, беспрекорно ги спроведува партиските кадровски желби од старото фамозно „тефтерче“.
„И додека стручната јавност алармира за директно кршење на законот, премиерот Мицкоски, кој до неодамна бараше оставки и најавуваше протести против Советот, сега молчи. Политичките аналитичари коментираат дека неговото молчење станува „злато“ во мигот кога Судскиот совет почнува да ја испорачува „кадровската сметка“ на новата власт“,стои понатаму во реакцијата на Левица.
За седницата на која се гласаше Димовска за в.д. претседател на скопскиот Кривичен суд, известуваше „360 степени“, а највпечатлива беше реакцијата од судијата во Кривичен, Ненад Савески, кој на членката на Судксиот совет, Антоанета Димовска, која и даде поддршка на Даниела Димовска, и порача дека е „брука“ за фелата.Пред само три месеци, судската власт избра в.д. претседател на судот на Охрид согласно членот 89 од Законот за судовите кој предвидува – по автоматизам да се избере оној кој имал најмногу бодови на последното оценување, додека Даниела Димовска, беше избрана иако ја држеше 11-та позиција на ранг-листата според последното оценување.