ЛЕВИЦА: МИЦКОСКИ СО ЗАКОН ЌЕ ИМ ДОЗВОЛИ НА ФИРМИ КАКО БЕХТЕЛ И ЕНКА ДА ВИ ГИ ОДЗЕМАТ И КУЌАТА И ДВОРОТ?!

Соопштение на Левица:

⚠️Владата, на мала врата, се обидува што побрзо да ги распродаде природните ресурси на приватни инвеститори, преку овозможување за издавање на дозволи за експлоатација без решени имотноправни односи од страна на концесионерот!

🏛️Имено, деновиве во Собранието се пристигнати два предлог-закони по скратена постапка, едниот за концесии и јавно приватно партнерство, а другиот за минерални суровини, со кои буквално им се дава амин на насилничките странски компании да можат да ги занемарат законите за приватна сопственост, за јавни набавки и за заштита на конкуренцијата. Со ова се отвара можност да им се одзема имотот на граѓаните доколку постои интерес за одредена локација, како и политичка селекција на концесиите.

 

‼️Со усвојување на вакви закони ќе се овозможи, на пример, на фирми како Бехтел и Енка да можат, без никакви законски препреки, да ви направат каменолом во вашиот двор. Само ако посакаат!

 

⛔️Владата на ДПМНЕ наместо да работи во интерес на народот изигрува адвокат на ѓаволот, беден извршител на волјата на приватните инвеститори.

 

#Левица стои на страна на граѓаните и нема да дозволиме понатаму да продолжи ова безмилосно и безумно уништување на природата и кршење на граѓанските права во име на капиталот. Овие закони не смее да се дозволи да стапат во сила!

Back to top button
Close