ЛЕВИЦА: НОВА БИЗНИС ШЕМА НА БАЏАНАКОТ НА МИЦКОСКИ ВО СТРУМИЦА – ОД СГС НА МИЈАЛКОВ ПРЕКУ „РУБИКОН“, СЕГА ДО „ЛИНК-СЕКЈУРИТИ

Соопштение на ЛЕВИЦА“

🌱Во Струмица никнува нова фирма за обезбедување во политички амбиент што премногу потсетува на веќе видени вмровски приказни. „ЛИНК-СЕКЈУРИТИ“ ДООЕЛ е основана на 7 април 2026 година, а како управител се впишува Горан Филиповиќ. До Левица стигнуваат информации дека Филиповиќ е близок со Дејан Ефтимов – началник на СВР Струмица, а кого Панче Тошковски го постави на чело на струмичката полиција во февруари 2024 година.

🚨Само четири месеци по основањето, според информациите со кои располагаме, „ЛИНК-СЕКЈУРИТИ“ веќе била ангажирана за обезбедување на „Астерфест“. Ова е особено важно затоа што годинашниот фестивал е финансиски поддржан од Општина Струмица и Агенцијата за филм. Затоа Тошковски со документи треба да одговори, кога точно МВР ѝ издало дозвола, со кои најмалку 15 лиценцирани работници го исполнила законскиот услов и кој ја ангажирал? Имено, Законот е јасен и предвидува дека само регистрација на фирма не е доволна, туку за давање услуги на физичко обезбедување е потребна дозвола од МВР и најмалку 15 лиценцирани работници.

❌Дополнително, во јавно објавената листа на агенции-членки на Комората за приватно обезбедување што ја проверивме, „ЛИНК-СЕКЈУРИТИ“ воопшто не се појавува. Самата Комора наведува дека правните лица што даваат услуги на приватно обезбедување се здружуваат во Комората.

📣Затоа, апелираме на одговори! Четири документи се доволни за да се разјасни дали станува збор за фирма што добила политичка турбина уште пред добро да го исуши печатот од Централен регистар.

🤝А главното прашање во целата струмичка приказна е Јорданчо Јанев – Дано, баџанакот на Мицкоски. Јанев веќе има разгранет бизнис во Струмица – тој е сопственик на „Дано-транс“ и „Интерпласт груп“, а фирма во која е сопственик, „Шалом-Фуд Груп“, по доаѓањето на ДПМНЕ на локална власт доби и договор од буџетот на Општина Струмица за свечен ручек. До нас стигнуваат информации дека токму околу овој политичко-бизнис круг треба да се бара вистинската позадина на новата агенција. Затоа, со директно прашуваме: Има ли Дано каква било директна или индиректна улога во „ЛИНК-СЕКЈУРИТИ“, нејзиното финансирање, клиентите или отворањето врати за бизнис?

🎞️Македонија веќе го гледаше овој филм. СГС своевремено експресно освојуваше крупни објекти додека во јавноста беше поврзувана со тогашниот шеф на УБК Сашо Мијалков, а денес пред суд се расплетува случајот со „Рубикон“, агенцијата што ја обезбедувала дискотеката „Пулс“, при што Обвинителството го товари Александар Нацев дека дејствувал како нејзин реален сопственик и одговорно лице (инаку, активист на ДПМНЕ).

#Левица бара МВР, Комората, Општина Струмица и организаторот на „Астерфест“ веднаш да ја објават целата документација за „ЛИНК-СЕКЈУРИТИ“. Зашто кога во ист мал круг ќе се најдат полиција, партиска моќ, премиерски роднински врски и бизнис со обезбедување, јавноста повеќе не може да верува само на зборови – имаат обврска да покажат сè на хартија.

Back to top button
Close