Левица: Орце ги навреди работниците – според него ХЕНДИКЕП било работа во месара, на бензинска, во градежништво, во кол – центри или да си фриленсер
Соопштение на Левица:
Орце ги навреди работниците, велејќи дека е ХЕНДИКЕП работата во месара, на бензинска, во градежништво, во кол – центри или во фриленсерство, за време на дуелот што го имаа на ,,Канал 5″, кандидатите за градоначалници на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски од ДПМНЕ и Амар Мециновиќ од Левица.

Додека Амар објаснуваше каде сè и што сè како дете на самохрана мајка работел и тоа – во месара, на бензинска, во градежништво, во кол – цетри или во фриленсерство, Орце му се обрати на Амар со навредлив и арогантен тон, а преку потценувачки исказ дека ,,тоа е ХЕНДИКЕП!”
Со констатацијата дека чесното заработување на лебот и чесниот труд се ХЕНДИКЕП, Орце ги навреди сите работници.
Ние од АФЖ Левица како претставнички на партија на работниците, партија на обесправените, партија што ги штити ранливите, маргинализираните, луѓето во социјален ризик и главно – работничката класа, бараме од Орце да му се извини на целиот македонски работен народ! Да им се извини на сите работници, на сите жени, девојки и мајки – работнички!!!
Од АФЖ Левица го прашуваме директно Орце:
– Дали според тебе не е ,,професионален хендикеп” твоето неспособно четиригодишно водење на Кисела Вода? Дали според тебе не е ,,хендикеп” цел еден твој градоначалнички мандат да ти биде окарактеризиран со дивоградби?
– Дали според тебе е ,,хендикеп” кога младите чесно си го заработуваат лебот? Дали според тебе е ,,хендикеп” кога работниците чесно се борат за егзистенција на своите деца и фамилии, а притоа нема кој да ги заштити кога олигарсите го кршат Законот за работни односи?
– Дали според тебе не е ,,хендикеп” тоа што вашите инспектори од власта си се китат со мито од часовници и скапи наочари место да водат сметка за достоинството на работникот? Дали според тебе не е ,,хендикеп” што млади деца изгореа, а ти и твојот лидер со свитата се шетате низ Кочани ,,со кренати глави”? Дали не е ,,институционален хендикеп” тоа што уште нема правда и одговорност за загинатите души во дискотеката – штала?
Сакаме директно на Орце да му дадеме информација дека според најновите статистики, Македонија е земја со најголем број на фриленсери во регионот и на Балканот, меѓу кои – најголем дел се млади работници. Оттука, Орце и неговата матична партија на власт место да се заложат за достоинствени услови на македонските фриленсери, Орце ги нападна, навреди и понижи младите работници!!! Политички хендикеп е да ги омаловажиш работницитe, Орце!
Во младост да работиш за да опстанеш, не може да биде хендикеп! Напротив, тоа е чесност, трудољубивост, борба!!!
Затоа, работниците ќе одлучат кому ќе го дадат својот глас в недела! Работниците кои вадат леб во фабриките, во приватниот сектор, со работа во смени; кои излегуваат рано наутро од дома, а се враќаат доцна навечер!!! Тие не се дел од партиските војници на Орце и ДПМНЕ, тоа се чесни луѓе кои знаат разумно да проценат и да мислат со своја глава!
Работниците знаат кому да го дадат својот глас в недела!
За Амар!!! За достоинствен и квалитетен живот во цело Скопје!






