Левица поднесе предлог-закон за заштита на името ВМРО


Димитар Апасиев Фото Фејсбук: Апасиев

 

Пратеничката група на Левица поднесе до Собранието предлог-закон за заштита на името Внатрешна македонска револуционерна организација – ВМРО.

Тоа го потврди пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев, кој објави на својот Фејсбук
.

„Конечно, дојде Денот за законска заштита на името ВМРО и забрана разно-разни злосторнички здруженија олицетворени во бизнис-партии да го злоупотребуваат ова име за лично богатење. “ПослушајтеПатриоти” – напиша Апасиев на социјалните мрежи.

 

Левица во својата изборна програма на ланските парламентарни избори вети законска заштита на името ВМРО и превенирање на негово користење од страна на која било политичка партија, фирма или невладина организација поради, како што се наведува во програмата, неговата емотивна злоупотреба во дневнополитички цели.

Back to top button
Close