Левица: Ристески од ДПМНЕ и покрај стан во Кисела Вода е рекордер по патни трошоци
Соопштение на Левица:
Станува јасно зошто пратеникот Петар Ристевски од ДПМНЕ губи контрола и реагира со навреди и пцости секојпат кога пратениците на Левица ќе го спомнат прашањето за патните трошоци и кириите кои ги наплаќаат функционерите. Зад оваа избувливост очигледно се крие длабока нервоза која ја предизвикуваат неговите очигледни злоупотреби на пратеничката функција.
Ристевски е рекордер по патни трошоци за 2024 година кога само таа годна наплатил преку 14.300 евра, иако, според достапните информации, поседува стан во општина Косела Вода – Скопје, покрај уште пет пријавени лични недвижнини. Во минатиот мандат, според јавно достапните информации, се вели дека наплатените патни трошоци ја надминале дури и пратеничката плата на Петар Ристески.
Според анкетниот лист на Ристески, тој навел дека има четири активни сметки преку кои прима четири плати – три во девизи и една во денари. За автомобил и моторцикл навел дека ги стекнал за 50.000 денари, а навел и дека неговите родители остваруваат приход од закуп од „0 денари”, иако не пријавил никакви недвижнини на нивно име. Сето ова флагрантно го игнорира Антикорупциската комисија, која очигледно смета дека нејзината работа завршува со собирање формални листови без никаква проверка на веродостојноста.
До Левица пристигаат информации од очевидци дека пратеникот Ристески за да не биде „на зијан”, користел возила на прилепски компании кои патуваат за Скопје. Па оттука јавно го прашуваме пратеникот дали е ова точно додека тој на сметка на народот си наплатувал патни трошоци и амортизација за своето возило?!
Прашуваме и дали зад нервозата и пцостите на овој пратеник од ДПМНЕ кон пратениците од Левица коишто бараат информации од собраниските служби за инкасираните средства по основ патни трошоци и кирии од страна на пратениците, стои брутална злоупотреба на јавните средства? Односно, дали Петар Ристески и покрај станот во Скопје и покрај наплатените патни трошоци – наплаќа и кирија на сметка на народот?
Оваа перверзна тенденција за користење на сите можни функционерски привилегии, без грам срам, веројатно е причината зошто пратеникот Ристевски постојано ги навредува и напаѓа пратениците на Левица – единствените кои бескомпромисно се борат против алчноста, привилегиите и паразитизмот во институциите