Левица:Се асфалтира во Делчево затоа што треба да дојде премиерот

После речиси 3 години затворен мост пред Делчево, конечно се сетија дека постои и дека граѓаните секојдневно мака мачат да поминат!

Но не, не заради народот… туку затоа што треба да помине “височеството” премиерот Мицкоски и неговата свита – па мора да се вози по жежок, тазе-асфалт.

Толку за “грижата” за граѓаните. Три години ништо, а сега – набрзина, да не се вози по кал и прашина, а мостот – може да се почека мостот да се реконструира а и жителите ќе почекаат…!

Да не беше митингот и камерите, уште ќе го чекавме асфалтот како новогодишно чудо!

Народот гледа. Народот не заборава.

Ова не е грижа – ова е шминка за пропаганда!

#НародотСега
#ДелчевоСега
#Заокружи6

Back to top button
Close