Левица се партија за руска пропаганда, вели Османи

Во однос на најавите од Левица дека ќе поднесе нова иницијатива за распишување референдум, министерот за надворешни работи Бујар Османи вели дека неговиот личен став е дека тие не се македонска партија, туку, како што рече, партија во функција на руската пропаганда за да го свртат македонскиот народ против ЕУ и САД.

-Мислам дека на државата нема да и направат многу штета затоа што има поширок консензус за правците по кои таа се движи, но на народот што го претставуваат може да му направат многу штета обидувајќи се да го свртат против вредностите што ние ги споделуваме. Не треба да паднеме на таа пропаганда која делумно е стимулирана и финансирана и има многу лоши и зли намери, прво кон сопствениот народ, а потоа и кон другите граѓани и кон државата, вели Османи.

Тој додаде дека е легитимно партиите да ги користат овие незадоволства и фрустрации на граѓаните за за политички цели, но, како што потенцира, мора да има одредени граници и тоа не смее да биде на сметка на иднината на државата, ниту на сметка на иднината на граѓаните.

Back to top button
Close