Левица: ШУМСКАТА МАФИЈА ЈА КРАДЕ ДРЖАВНАТА СЕЧА КАЈ БЕЛОВОДИЦА
Соопштение на Левица:

🚨Веќе набрани, во време кога на сила е забраната за движење во шума, ОРГАНИЗИРАНА ГРУПА на дрвократци, највероватно логистички потпомогната од страна на концесионерите за сеча, ГИ КРАДАТ ДРВАТА пресечени по налог на Ј.П. Национални Шуми (претходно Македонски Шуми), со што штетата врз граѓаните ја проценуваме на над 15.000.000,00 денари.
Штетата по екосистемот е непроценета и допрва ќе ги согледуваме последиците.
📢Ова до сега е најскандалозната и најприкриената организирана сеча на шума на територијата на Општина Прилеп, за која жителите на Беловодица најавија и блокирање на патот доколку МВР и Шумската полиција не ја превземи контролата и разреши ситуацијата што поскоро.
📃Иако ги имаме побарано сите јавни документи околу сечата, до ден денешен НЕМАМЕ ДОБИЕНО НИКАКОВ ОДГОВОР!






