Левица со амандман за новиот деловник пратениците, ако работат онлајн, за велигден задолжително да имаат фарбано јајце до монитор
Партијата Левица застапена со двајца пратеници во Собранието, во 1.400-те амандмани што ги поднела за да се блокираат предложените измени на Деловникот за онлајн работа на заразени и пратеници во изолација, има и еден што се однесува на Велигден.
Предлогот е за време на Велигденските празници, пратениците кои учествуваат во работата од далечина, пред себе задолжително да имаат велигденско јајце.
Амандманот е поднесен од пратеникот Борислав Крмов од Левица. Другиот пратеник е Димитар Апасиев.
Измените на собранискиот Деловник ги поднесе претседателот на Собранието Талат Џафери. Но, веднаш неговата иницијатива беше блокирана, со поднесување на 3.000 амандмани од ВМРО-ДПМНЕ, Левица и од Алијанса/Алтернатива, и со тоа осудена на пропаст уште на почеток.
…