Левица со лаги, закани и говор на омраза кон новинарот Бојаровски

Генералната секретарка на опозициската политичка партија Левица, Јована Мојсоска, продолжува да шири лаги и дезинформации, овојпат мета е новинарот Зоран Бојаровски. Таа шири лаги дека Бојаровски е владин советник и истовремено пишува во ЦИВИЛ Медиа.

„Бојаровски е сороспија по шаблон, па истиот се вртит по разни проекти за граѓански активизам на Отворено општество, толкуват вистина во Метаморфозис, факт-чекират објави и како владин советник, пишуват новинарски колумни за Цивил“, пишува меѓу другото Мојсоска.

Објавата на Мојсоска на Фејсбук  предизвика десетици коментари со говор на омраза, но и со закана кон Бојаровски дека „и он ќе виси“…

Покрај говорот на омраза нарекувајќи го Бојаровски „сороспија по шаблон“, тврдењето на Мојсоска е тотална лага, бидејќи од 1 јули оваа година, новинарот Бојаровски повеќе не е дел од владиниот тим задолжен за медиумски реформи.

Со оваа изнесена лага, како и со навредите кон Бојаровски, текстот на Мојсоска по неколку основи го крши Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета според членовите 6 и 8 од оваа регулатива.

Овој оркестриран напад врз новинарот Бојаровски доаѓа по колумната „Леви“ амандмани за „перење“ на гревовите во која меѓу другото пишува: „…јавноста многу добро знае кој во континуитет ја потиснува слободната мисла со авторитарни постапки и препознава дека левите амандмани, вусшност“, се обид за перење на гревовите на Левица и нејзиниот лидер кон новинарите.

Но, пред да ја претставиме во деталји сликата дека Левица и нејзиниот лидер, всушност, се токму тие коишто го одржуваат континуитетот на „најлошите политики од претходниот режим“ кога е во прашање слободата на медиумите, ќе поставиме неколку прашања:

Пред да ги образложи амандманите во Собрание, Апасиев да објасни за какви списоци зборува членот на неговата партија кога на соц мрежите нашиша, онака, субмисивно: „Профа овој не знам дали од претходно беше на СПИСОК го додадов у секој случај да не го изумиме“ под Фејсбук статус на неговиот лидер во кој нападна еден наш колега затоа што разговарал со една министерка?“, пишува Бојаровски во горенаведената колумна.

Дезинформациите, говорот на омраза и заканите станаа редовна појава на членството на Левица. Време е институциите да преземат соодветни мерки и да ги санкционираат сите што шират дезинформации со кои можат да предизвикаат дела од омраза!

Back to top button
Close