Левица со поддршка кон жителите од Ореовец против ископот на ,,Бехтел и Енка”

На протестот на жителите од прилепски Ореовец против ископот на ,,Бехтел и Енка”, Левица повторно даде поддршка.

Пратеникот од Левица, Сашко Јанчев, се осврна кон штетниот договор што го има склучено претходната власт, потенцирајќи дека истиот е незаконски и неуставен.

– Договорот излезе од еден куп закони и тоа е злоупотреба на службена положба. Во правото има еден принцип каде од неправо не може да произлезе право. Ова ќе мора да заврши со кривични пријави и со спроведување на една кривична постапка. Договорот треба да се раскине – истакна Сашко Јанчев од Левица.

Пратеникот од Левица, Сашко Јанчев, во повеќе наврати досега, застанува рамо до рамо со жителите на прилепското село Ореовец против ископот на ,,Бехтел и Енка”.

Поради досегашните минирања, оштетени се голем број куќи и црквата во селото, а загрозени се изворите за вода и целата животна средина во овој предел

Back to top button
Close