Левица: Соработничка на Меџити добива државни пари од три институции

СООПШТЕНИЕ:

Партизацијата и цедењето државни пари од буџетот за истакнати партиски активисти е очигледно главен модул на делување на дериватот на ДУИ и потпретседател во оваа влада – Изет Меџити. Тоа го докажува и фактот што шефицата на кабинетот на Изет Меџити, Сарана Адеми добива државни пари дури од три институции.

Односно, од јавно достапните информации на алатката „Отворени финансии”, може да се заклучи дека Адеми освен што е редовно вработена во министерството со кое раководи Изет Меџити, истата има и редовни примања од Студенскиот дом „Пелагонија”.

Освен овие примања, Адеми (иако истакнат член на политичка партија) беше именувана и за член на Комисијата за музичка и музичко-сценска дејност, од страна на министерот Зоран Љутков!  Иако учеството на членови на партија ја загрозува непристрасноста на оваа комисија, сепак Адеми беше избрана за член на оваа комисија, за што е евидентирана и исплата од 2.000 евра!

Левица прашува како е возможно едно исто лице да се јавува како примател на јавни средства од дури три државни институции, и како нејзините компетенции се соодветни за три различни дејности?! Или единствениот меродавен критериум е партиската припадност на владејачката ВРЕДИ?! Дополнително, загрижува и молкот на Антикорупциската комисија, која не отвори постапка да утврди дали има судир на интереси при именувањето на соработничката на Изет Меџити за член на Комисијата за музичка и музичко-сценска дејност.

Иронично е што власта на Мицкоски се обидува по секоја цена да го избрише криминогеното минато на Изет Меџити како дел од ДУИ, за кој дури и функционери на ДПМНЕ во минатото го обвинуваа за криминал со провизии. Јасно е дека оној кој со години бил дел од системот кој корумпирал и брутално партизирал, не може да делува со различни вредносни норми – а за тоа најдобар пример е “градоначалникот на дивоградбите” Изет Меџити.

Левица

Back to top button
Close