Левица: Стефковски мандатот го искористи за на неговиот другар да му овозможи милионски тендери, а на граѓаните мизерија

Во општина каде улиците се распаѓаат, каде секоја поголема дождовна капка претвора цели маала во мочуриште, каде десетици семејства и денес немаат канализација и неретко се оставени без вода, каде децата растат во нечовечки услови – градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски од ДПМНЕ, ги сврте очите на другата страна. Тој не ја гледа мизеријата во општината, затоа што е зафатен со грижа за тоа како јавните пари да ги насочи кон фирмата на својот најблизок пријател., пишува во објавата на Левица – Гази Баба, велат од Левица.

„Станува збор за „ЛАКИТЕРМ“ ДООЕЛ, фирма во сопственост на Мики Милевски – човек со кој Стефковски без срам позира претставувајќи го како најдобар пријател. Токму тој другар, благодарение на партиската врска и расипничкиот карактер на Стефковски, добил тендери вредни над 9 милиони денари.

3,6 милиони денари за Државен студентски дом „Скопје“

4,4 милиони денари за ДСД „Томе Стефановски – Сениќ“

1 милион денари за ООУ „Кирил и Методиј“ во Стајковци.

За Стефковски и ДПМНЕ, граѓаните на Гази Баба се последни на листата на приоритети. Додека луѓето тонат во кал, дишат канцероген воздух и се гушат во урбанистички хаос, тој ја користи градоначалничката фотелја како банкомат за своите најблиски.

Секој ден поминат со ваква власт е уште една рана врз Гази Баба. Ова е општина со сериозен потенцијал за развој и место кое заслужува нормални услови за живот, но Стефковски нуди само корупција, криминал, тендери за „привилегираните“ и евтини пиар објави кои никако не ја одразуваат неговата улога како градоначалник. Ќе дозволиме ли Бобан Стефковски и ДПМНЕ повторно да ја претворат Гази Баба во приватна касичка за другари и партиски послушници, или конечно ќе ставиме крај на ова расипништво?, заклучуваат од Левица.

Back to top button
Close