Левица: Владата на Мицкоски ги штити коцкарските бизниси поврзани со корупција и поткуп во Австрија

Левица алармира дека македонската коцкарска индустрија е длабоко поврзана со меѓународни компании чии сопственици се гонат за корупција и поткуп на политичари.
„Односно, најголем удел во македонскиот бизнис со коцкање има австриската компанија ,,Novomatic AG”, која преку низа фирми контролира значителен дел од автомат клубовите во државата.
Додека македонските граѓани тонат во сиромаштија, фирмите поврзани со австриската ,,Novomatic” извлекуваат милионски профити од зависноста и социјалната беда. Само една од нивните компании во Македонија – ,,ХТЛ Мацедониа” – во 2025 година остварила чист профит од над 955.000 евра! Особено скандалозно е што токму кога австриското обвинителство официјално подигна обвинение против сопственикот на австриската ,,Novomatic” за поткуп и корупција поврзани со коцкарски лиценци во Австрија, владата на Мицкоски предлага закон со кој коцкарските компании ќе продолжат да плаќаат симболични давачки.
Според предлог-законот на Владата, лиценцата за автомат клуб изнесува само 100.000 евра за период од шест години. Тоа значи дека само една фирма поврзана со ,,Novomatic” – за само една година заработува девет пати повеќе од износот што го плаќа за лиценца за период од шест години. Ова е јасен доказ дека законите не се пишуваат во интерес на граѓаните, туку во интерес на коцкарските лобија.
Се поставува логичното прашање: како е можно власта на ВМРО-ДПМНЕ да предлага толку ниски давачки за индустрија која врти милиони, ако зад тоа не стојат политички договори, клиентелизам и коруптивни релации?
Јасно е дека власта на ВМРО-ДПМНЕ е под директно влијание на коцкарското лоби, кое со години ја поткопува државата преку политички врски, мито и привилегирани лиценци. Наместо заштита на јавниот интерес, Владата се претвора во сервис на странски коцкарски корпорации со сомнително корупциско минато.
Додека во европските држави се отвораат истраги за поткуп и влијание врз политичари, во Македонија истите тие компании добиваат повластен третман, ниски давачки и законски решенија скроени по нивна мерка. Тоа е уште еден доказ дека власта на Мицкоски не води борба против криминалот и корупцијата, туку ја институционализира“, велат од Левица.

Извор: skopje1.mk