Левица за посетата на Сиљановска Давкова на Софија
На заедничката средба помеѓу претседателите на Македонија и Бугарија, македонското знаме беше отсутно! Овој чин е далеку од само дипломатски инцидент, туку – симболичен показател на односот на владеачките елити кон бугарските врховистички барања и доказ дека Силјановска е пиун во бугарската игра со македонскиот идентитет – без знаме и без гордост.
Живееме во историски времиња – за прв пат претседател на Македонија оди на официјална средба со странски државник без да е истакнато македонското знаме.
Протоколот во вакви ситуации јасно наложува почитување на симболите на двете држави.
‼️ Недостатокот на македонско знаме на официјален настан е срамно потклекнување пред Бугарија и уште една епизода од историјата на национално понижување кое почна со „Договорот за добрососедство“!
Ваквите провокации не можат да се толкуваат како „добрoсоседски односи“ кога нивната цел е јасна – поткопување на македонската независност и продолжување на антимакедонскиот наратив ,,две држави-еден народ”.
Радев не се обидува да гради вистински односи, туку пропагира бугарски национал-шовинизам, со поддршка од македонските политичари подготвени на компромиси на штета на сопствениот народ и потклекнати пред бугарските ултиматуми.
Од политички лидери кои ветуваа чест и независност, Силјановска и ДПМНЕ се покажаа само како посредници на странски агенди. Наместо да ја следат волјата на народот кој ги избрал, големите патриоти исполнуваат желби на надворешни сили.
Левица ја лоцира одговорноста и во протоколот на Силјановска, кој не смеел да дозволи ваков дипломатски дебакл и морал веднаш да интервенира.
Наместо да биде соучесник во историското ревидирање кое ја поткопува и деградира македонската сувереност, ги повикуваме Силјановска и ДПМНЕ јасно и гласно да се спротивстават на бугарските националистички барања и веднаш да стават крај на договорите и преговорите кои ја уриваат македонската државност и идентитет!
Политичка партија „Левица“