Либан: Бројот на загинати надмина 900, Израел уништи нови мостови на реката Литани

Бројот на жртвите од израелските воздушни напади во Либан достигна 968 лица, меѓу кои 116 деца и 77 жени, соопшти денеска либанското Министерство за здравство, додека израелската војска потврди дека уништила уште два стратешки моста на реката Литани.

Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, појасни дека уништените мостови во Јужен Либан биле користени од проиранското движење Хезболах за транспорт на оружје кон југ. Кац истакна дека овие напади се „јасен сигнал“ до либанската влада дека Израел нема да дозволи државната инфраструктура да се става во служба на Хезболах. Покрај човечките жртви, во конфликтот се ранети над 2.400 лица, а воените дејствија предизвикаа и нов бран миграција – околу 120.000 Сиријци кои привремено престојуваа во Либан веќе се вратија во својата татковина.

Ескалацијата започна на 2 март, кога Хезболах се вклучи во војната меѓу Иран, САД и Израел, по што израелските сили одговорија со масовна воздушна кампања и сухоплетни операции во пограничните предели. Меѓународната организација за миграција бележи постојан пораст на бројот на лица кои го напуштаат Либан поради секојдневните бомбардирања

Back to top button
Close