Лица пријавуваат здравствени проблеми месеци после пожарот, првично немале никакви симптоми и повреди, вели Обвинителот Јанев
Имало случаи каде лица првично по пожарот немале никакви повреди или симптоми на здравствени проблеми, меѓутоа неколку месеци по пожарот веќе пријавуваат проблеми со дишење и други здравствени проблеми, истакна на денешната главна расправа за трагедијата во ПУЛС кочанскиот обвинител Борче Јанев.

Денешната главна расправа беше предвидена за изјаснување за вина од страна на обвинетите, а потоа и воведни зборови на одбраната, меѓутоа истата продолжува со оштетни побарувања поради забелешките на бранителите на обвинетите дека обвинението се уште не е доставено до нивните штитеници. Дел од бранителите побараа обвинението да биде преведено на албански јазик.
На обвинителна клупа и денеска седнаа 37 обвинети – 34 физички и три правни лица, меѓу кои сопственици, управители, инспектори, поранешни градоначалници, обезбедување и државни службеници. Тие се товарат за тешки дела против општата сигурност поради пропусти што директно довеле до трагедијата






