Лице од Македонија прегазено од камион тежок 15.3 тони во Германија

31-годишен државјанин на Северна Македонија бил приклештен меѓу бетонски ѕид и тешка градежна машина (радладер) и се здобил со тешки повреди, поради што со итна медицинска хеликоптерска служба бил пренесен во болница.

Според полицијата, во понеделникот навечер, на 17 јуни, околу 19 часот, полициска патрола била повикана во едно претпријатие на територија на општината Едт.

По пристигнувањето, полициските службеници затекнале тешко повреден 31-годишен работник од Северна Македонија. Тој со ногата се нашол приклештен помеѓу бетонски ѕид и радладер тежок 15,3 тони, кој го управувал 26-годишен сонародник.

По укажаната прва помош, повредениот бил пренесен со итниот хеликоптер „Мартин 3“ во Ургентната болница во Линц.

Back to top button
Close