Лице заглавено во викендица каде има снег над 60 цм одбило евакуација

РЦУК Скопје, известува дека утрово во 09.18 часот, добиле пријава од заглавено лице во месноста „Празни торба“ – Црни врв, с.Цветово (Општина Студеничани), коешто се наоѓало во сопствена викендица.

Според известувањето од пријавителот, на местото каде се наоѓал имало наноси од снег кои биле повисоки од 60 сантиметри и лицето не било во можност да го користи сопственото моторно возило иако поседувало зимска опрема.

Од страна на РЦУК Скопје известен бил градоначалникот на Општина Студеничани, кој информирал дека имаат договор со фирма за чистење на снегот, но само до населените места.

Во 15.30 часот, вчера, од градоначалникот била добиена информација дека не успеале да обезбедат багер за чистење на снегот, но на пријавителот му било понудено да биде евакуиран со возило-мотор со гасеници, но истиот го одбил тоа, бидејќи не сакал да го остави возилото

Back to top button
Close