Личел на пријателот, па му ја украл личната карта и од негова сметка подигнал 50.000 денари.

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.Д.(35) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци”.  Пријавениот неовластено задржал лична карта на негов пријател и искористувајќи ја физичката сличност со него и претставувајќи се во негово име, на шалтер во филијала на банка во општина Бутел од неговата трансакциска сметка подигнал 50.000 денари.

Back to top button
Close