Лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ наскоро на средба за техничката влада, Ковачевски вели дека таа нема да е помпезна како што знаат да бидат

Секако дека ќе имаме состанок со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ бидејќи сметам дека тоа е најнормална комуникација, во која ќе биде разговарано за овие теми. Меѓутоа, сепак не се работи за нешто што може да има слободно толкување, се работи за законска одредба во однос на ресори и позиции кои секои од партиите застапени во парламентот, согласно законското решение, ги пополнува, вели Ковачевски

За темата техничка влада ќе се разговара на средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, која очекувам да се случи наскоро, најави денеска премиерот Димитар Ковачевски.

Сепак, како што вели тој, оваа средба нема да биде помпезна како што обично знаат да бидат.

„Бидејќи се работи за техничко прашање, тоа и нема да биде помпезна лидерска средба како што обично знаат да бидат“рече Ковачевски во одговор на новинарско прашање по денешната промоција на монографијата „Сојуз на борците од НОАВМ и граѓаните продолжувачи (1948-2023)“.

Ковачевски смета дека овие средби се најнормална комуникација, во која ќе биде разговарано за овие теми.

„Секако дека ќе имаме состанок со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи сметам дека тоа е најнормална комуникација, во која што ќе бидат разговарани овие теми. Меѓутоа, сепак не се работи за нешто што може да има слободно толкување, се работи за законска одредба во однос на ресори и позиции коишто секои од партиите застапени во Парламентот согласно законското решение ги пополнува“рече Ковачевски.

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски не се откажува од техничка влада, грчевито се бори криминализираната ДУИ да има премиер

Техничката влада, како што вели Ковачевски, е законска обврска и додава дека за изборите во земјава неа ќе ја има, затоа што, како што рече, законите се тука да се почитуваат.

„Ние ако зборуваме за владеење на право тогаш не може да велиме еден закон ќе се почитува, а друг закон нема да се почитува или овој закон ќе се почитува така како што е напишан, а овој ќе се почитува на некој друг начин. Моја законска обврска е на 100 дена пред одржување на изборите како претседател на Влада да поднесам оставка и јас тоа ќе го направам во законскиот рок, а обврска на политичките партии согласно закон е да делегираат свои претставници во таа техничка влада што ќе ги спроведе изборите“рече Ковачевски.

Тој нагласи дека процесот е многу јасен и во текот на наредниот период ќе бидат направени сите законски процедури за да се реализира.

Back to top button
Close