Лидерот на меѓународно признатата Влада во Либија сака да ја предаде власта идниот месец

 Премиерот на меѓународно признатата либиска Влада Фајез Сараџ изјави дека сака да ја предаде власта на новата администрација во октомври, во време на преговори за ставање крај на граѓанската војна во Либија.

Ривалските страни во либискиот конфликт, владата на Сараџ во Триполи, што има поддршка од ОН и бунтовничката Влада што го контролира истокот на земјата, треба наскоро да започнат мировни преговори.

Двете страни се договорија овој месец да се одржат избори во рок од 18 месеци и да се формира нова влада.

Либија се втурна во хаос откако долгогодишниот лидер Моамер Гадафи беше симнат од власт и убиен за време на бунтот поддржан од НАТО во 2011 година. Либија е поделена меѓу две ривалски влади од 2015 година.

Владата во Триполи е поддржана од Турција, Катар и Италија, а владата на исток од Русија, Обединетите Арапски Емирати и Египет.

Back to top button
Close