Лидерот на Партијата на европски социјалисти на митинг во Скопје во поддршка на СДСМ и Пендаровски

Социјалдемократите се навикнати на тешки временски услови и сакаат предизвици. Затоа не ни пречи дождот.

Ова денеска на митингот на СДСМ, Коалицијата за европска иднина и кандидатот за претседател Стево Пендаровски, кој се одржа кај зградата на Делегацијата на Европската Унија во Скопје, го порача Стефан Левен, претседател на Партијата на европски социјалисти (ПЕС), кој како што рече, дошол да ја поддржи СДСМ на патот кон Европската Унија.

Тој и им се заблододари на Димитар Ковачевски, Стево Пендаровски, но и на поранешната министерка за одбрана Радмила Шеќеринска, затоа координацијата на неговата посета, а и оддаде признание и за нејзината улога како потпретседателка на Партијата на европски социјалисти.

„Овие избори ќе ја определат иднината на С Македонија во однос на социјалните права, зајакнување на младите и интеграцијата во Европската Унија. Со цел да ги постигнеме најдобрите резултати, граѓаните треба да живеат во општество што ги штити, каде демократијата се почитува. За нас, Социјалдемократите заштитата на демократијата е основна“,рече тој.

Според него, Димитар Ковачевски, Стево Пендаровски и СДСМ се единственото раководство кое има јасен план како да ја одведе С Македонија во Европа.

„Со таква иднина во Европа во државата ќе постои слободно движење за патување, учење и работа и отчетност за корупцијата во највисоките форми. Со вашиот глас за СДСМ вие избирате европска иднина. Уште од почетокот на процесот на европска интеграција СДСМ и Стево Пендаровски беа единствените посветени лидери за да се заврши процесот на пристапување“,вели Левен.

СДСМ, како што рече, верува дека С Македонија треба да биде во срцето на Европската Унија, а Европа може да биде посилна, посочи само ако С Македонија биде во неа.

„Ние сме горди на вас. Патот кон ЕУ не беше секогаш лесен за С Македонија, но без план овој пат ќе остане потежок. Затоа, бидете обединети и поддржете ги. Моќта е во ваши раце. Овие избори се од исклучителна важност за С Македонија. Вие самите го бирате правецот по кој ќе се движи државата во наредните 5 години“,рече претседателот на Партијата на европски социјалисти (ПЕС).

Back to top button
Close