Лидерот на пензионерите Николовски од СДСМ ќе побегне во ВМРО ДПМНЕ. Ќе се пазари со Мицковски за министерско и директорски места
Партија на пензионерите ќе ја напушти досегашната коалиција со СДСМ и на претстојните локални избори
Партија на пензионерите ќе ја напушти досегашната коалиција со СДСМ и на претстојните локални избори ќе настапи како дел од коалицијата, предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Како што соопшти претседателот на партијата, Илија Николовски, одлуката е донесена на барање на членството – околу 90% од нив се изјасниле дека сакаат соработка со актуелната власт.
– Ние, како Партија на пензионери, досега бевме во коалиција со СДСМ. Имаме извршен одбор, имаме централен одбор, расправавме на таа тема и од 100 луѓе, неколкумина се изјаснија дека треба да бидеме самостојни, ниту еден не се изјасни дека треба да останеме со СДСМ, а 90% се изјаснија дека се за коалиција со актуелната власт. Желбата на членството е да одиме со актуелната власт – изјави Николовски.
За претстојните локални избори, партијата ќе настапи со свои советнички листи во Штип, Делчево и во Пехчево, додека во општина Карбинци ќе има и сопствен кандидат за градоначалник.
– Ние имаме кандидати, ќе предложиме во Штип да имаме советник, во Карбинци имаме и кандидат за градоначалник, ќе бараме во Делчево, во Пехчево – додаде Николовски.
Според него, очекувањата се за зголемена активност и за вклученост на членството, како и за добивање поголем број советнички места во општините. На државно ниво, партијата ќе бара и учество во извршната власт, преку министерски позиции и преку директорски функции.