Лидл ќе има и во Општина Аеродром
Освен на местото на поранешниот простор на „Бриколаж“, Општина Гази Баба, во Општина Карпош и во Драчево, Општина Кисела Вода, германскиот синџир на маркети „Лидл“ во Скопје ќе гради маркет и во Реонскиот центар во Општина Аеродром.
Станува збор за парцела што се наоѓа покрај булеварот „Видео Смилевски- Бато“ во близина на маркетите „Стокомак“ и „Кам“, чиј камен-темелник ќе биде поставен денеска.
“Лидл“ планира маркети и во Битола, Струмица, Кавадарци, Куманово, Штип, Тетово, Велес, Кичево, Гостивар… Дел од овие маркети се веќе изградени, а дел се во процедура на градба.