Лифтот во кој загина штипјанец бил поставен на диво, уште колку ли ги има такви
Пред околу три недели, во овој штипски ресторан, се случи несреќа во која едно лице загина, а друго беше тешко повредено. Првичните информации од увидот говореа дека жртвите настрадале при извршување на работните задачи, а конкретно несреќата се случила во лифт во објектот.
Дури деновиве, и тоа во извештај на Државниот инспекторат за труд, беше обелоденето како точно настрадале работниците.
„Анажираните лица извршувале работни задачи – сервирање и послужување храна и пијалоци во ресторанот ’Астибо Плаза’ -Штип. Во моментот кога се случила несреќата, истите ангажирани лица од кујната (која се наоѓа на првиот спрат од објектот), внесувале количка со празни чинии во товарен лифт и во моментот кога ја внеле количката во лифтот доаѓа до откинување на сајла на лифтот, при што лицата паднале со лифтот од висина од 4,80 метри и се здобиле со тешки телесни повреди“,велат од Државниот инспекторат за труд.
По подолга комуникација, за „360 степени“ од обвинителството соопштија дека сегашните сознанија упатуваат на тоа дека лифтот не бил инсталиран согласно закон.
…