Лимани: ДУИ загуби шест пратеници

Фатмир Лимани, потпретседателот на Беса и некогашен истакнат член на ДУИ, во синоќешната емисија на Клан Македонија рече дека „Огнената група“ има контрола над 6 пратеници во Собранието.

Потпретседателот на Движењето Беса, Фатмир Лимани, вели дека состојбата со владеачкото мнозинство е кревко и тоа е затоа што власта ги нема потребните бројки на пратеници. Според него, „Огнената група“ на ДУИ има под контрола 6 пратеници.

„Нема двајца… Кастриот Реџепи, Зејди, Коџаџику, Изети. Има уште двајца пратеници кои не излегуваат, не се појавуваат. Ги знаеме, но нема да бидат дел од разговорот вечерва и не е коректно да ги спомнуваме“, изјави политичарот кој е познат и како внук на лидерот на ДУИ, Али Ахмети

Back to top button
Close