Лименка

#немизначиништолименката

Од моето раѓање во 1952 година, имам променето три адреси: Ленинова, Васил Главинов и Париска. Сите во Скопје. И тоа за  моите 68 години.  Моите, се еден од Дебар Маало. Другиот од Топаана- француски гробишта. Деновиве уживам во охридското државјанство, без разлика што го немам. Ама затоа уживам во охридскиот домат, темнозелената охридска пиперка, зелениот и црвениот босилек и многу други нешта. Сето ова е пропратено со endless Apple music каде и да сум. Smooth jazz, essential jazz, night jazz, oldies, top hits of the day…Оливер, Индекси, Харис-Марис…..Што ми е понтата? Едно се успомените и емоциите, а друго е ружна и нефункционална лименка како место на раѓање на успомените. Успомените ги носиш во себе и секаде.

Лименката е нај ружната помош добиена од Тодор Живков по земјотресот во Скопје. Можеш да ја реновираш како сакаш, таа пак ќе биде ружна зграда. И може да служи само за саем на производителите на јајца или мебел. И евентуално за фамозната годишнина на Бубамара, како највисок цивилизациски дострел во државата, со своите 40 паркинг места. Кампањата на скараџискава социјална мрежа и националниве телевизии ( ј**оте национални) предизвика невидени себични реакции. Ако тие пееле таму на Златно славејче, мора во таа ружна и реновирана саемска зграда за производителите на јајца, да пеат и нивните деца и внуци! Наместо да инсистираат и бараат сала како на пример Лисински во Загреб каде ќе пеат на Златно славејче нивните деца и внуци. Невидена себичност на постоењето. Само нешто  да се гушкало, ринге-ринге раело и за се да се викало Њет и Њет! 

Да не должам, затоа што има многу сериозни надоаѓачки теми есенва. Таа ружна лименка треба да се сруши и да се бара од градот да направи поубав Лисински и од салата во Загреб. Со задоволство да ги гледаме децата и внуците како пејат на Златно славејче.

Lockdown 

Есенва надоаѓаат толку многу сериозни предизвици  за државата, а националниве телевизии на Ѕинго, Стојменов, Андреја, Будипештанскава национална и ептен националнава Шљкдмртв се занимаваат со трите опции за иднината на ружната лименка наречена Универзална сала. Да не должам, во 4 точки:

Државата под притисок на “обесправениот и угнетен“ граѓанин, прејде на шведскиот модел на борба против короната, така наречен модел на колективен имунитет на стадото. И тоа никој веќе не може да го врати назад. Едноставно тоа значи, кој остане, ќе раскажува. Но, тоа може да предизвика пирамидални негатвни реперкусии за државата и идните генерации.  

Со своите 10 проценти во просек дневно заразени во континуитет на номинални два милиони жители, државата може да доживее комплетен lockdown од надвор. Исто како Шведска. Само што ние не сме Шведска. 

Изнемоштениот медицински персонал може да почне да се осипува до колабирање на системот. Тука не помага ракоплескањето и пеењето О Бела Чао од страна на “обесправените и угнетени“ граѓани во државата. 

Економијата е многу извесно да влезе во турболентен период, до застрашувачки размери. За искусни професионалци кои знаат да ги читаат бројките и да ги претворат во информација, не обрнуваат внимание на дневно економските, во суштина политички, официјални смирувачки тонови дека се е нормално и ние постојано растеме. Доаѓа scary movie, без разлика што сме членка на Нато. Затоа што тој свет не признава комплет Ваучер Држава како нашава. 

А овие запнале што ќе правиме со најружната Универзална Сала…

Руди Лазаревски

Back to top button
Close