Лимитот за максимум 30 отсто навивачи се укинува пред ЕП во фудбал

УЕФА нема планови да ги намали домаќините за ЕП 2020 - МИА

Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) планира да ја укине одредбата според која максимално дозволениот број гледачи во време на пандемија на коронавирус изнесува 30 отсто од капацитетот на стадионите.

Намерата на УЕФА со укинување на цензусот е за го зголеми бројот навивачи на трибините за претстојното Европско првенство, што од 11 јуни до 11 јули ќе се одржи во 12 европски држави.

Руските и англиските власти веќе најавија дека на стадионите во Санкт Петерсбург и во Лондон би можеле да дозволат влез на поголем број гледачи. Оттука, УЕФА подготвува нова одредба според која максимално дозволениот број гледачи би го одредувале локалните организатори на ЕП.

Домаќините на завршниот турнир би требало до 7 април да одредат на колку навивачи ќе им биде дозволен влез на нивните стадионите.

Back to top button
Close