Лина Ѓорческа со голем пресврт до титула во Романија!
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа, уште еднаш ја покажа својата класа и ментална цврстина.
Во спектакуларно финале на силниот ИТФ турнир во Слобозија, Романија, таа со голем пресврт успеа да ја совлада домашната тенисерка, Елена Руксандра Бертеа, со 2:1 во сетови (3:6, 6:3, 6:4) и да стигне до својата втора титула оваа сезона.
Со оваа победа, Ѓорческа ќе се искачи помеѓу 250-те најдобри тенисерки на светот.
Веќе следната недела, таа ќе настапи на уште посилен турнир од категоријата W75, каде што со добар резултат ќе има шанса да се доближи до топ 200, што ќе ѝ обезбеди место во квалификациите за најголемите Грен слем турнири.
Извор: infomax.mk