Лион сака да го врати Бензема

Францускиот фудбалски прволигаш Лион е заинтересирана да го врати напаѓачот Карим Бензема во своите редови од каде пред 14 години премина во редовите на Реал Мадрид.

Бензема има договор со саудискиот клуб Ал Итихад до 2026 година, но раководството на Лион презема сè што е во негова моќ да се обиде да го врати поранешниот француски репрезентативец.

Според француските медиуми, преговорите се во почетна фаза, а главна пречка за евентуалниот трансфер на Бензема од Ал Итихад во Лион се парите кои францускиот напаѓач ги заработува во Саудиска Арабија.

Бензема, според договорот, заработува 3,3 милиони фунти неделно, односно 172 милиони фунти по сезона.

Бензема е во Саудиска Арабија од минатото лето, а според италијанскиот новинар и добар познавач на трансфер пазарот Фабрицио Романо, францускиот напаѓач сака да се врати во европскиот фудбал.

Back to top button
Close