Лишен од слобода 69 – годишник по пријава дека допирал малолетничка

Родители во полиција пријавиле сосед дека ја допирал нивната ќерка по што пријавениот е лишен од слобода. Настанот се случил вчера околу 20 часот.

-Вчеравечер во 22.10 часот на ул.„Тодор Циповски-Мерџан“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода И.К.(69) од Тетово, затоа што околу 19.45 часот допирал по телото малолетничка од Тетово, негова сосетка. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со Јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Тетово.

Во друг случај во Вејце полицијата бележи пријава за физички напад меѓу соседи.  Педесет и седумгодишниот З.Х. вчера пријавил дека утрото околу 7:30 часот, во близина на неговата куќа, физички бил нападнат од 30-годишниот сосед Б.С. Се расчистува и документира случајот и против пријавениот Б.С. ќе следува соодветен поднесок

Back to top button
Close