Лишен од слобода крадец во Велес, кај него пронајдена и дрога
Полициски службеници од СВР Велес, вчера во 16:30 часот, го лишиле од слобода А.А.(26) од Радовиш.
Како што соопшти денеска МВР, тој се сомничи дека во текот на денот извршил неколку кражби во Велес, односно од дом на 70-годишната С.С., одзел два мобилни телефони, од домот на 81-годишната П.С. еден мобилен телефон, од Љ.Љ.(68), додека бил во бифе, паричник со пари и од 46-годишната Н.К., додека била на работа во продавница, одзел паричници со пари. Кај него биле пронајдени мобилните телефони, како и дел од парите и еден паричник и тие се вратени на сопствениците.
-При прегледот кај него биле пронајдени и одземени кафена прашкаста материја и зелена растителна материја, а во извршениот службен разговор кажал дека купил поголема количина дрога од која подоцна им дал на други две лица, со што сторил и кривично дело по член 216 од Кривичниот законик „овозможување на употреба наркотични дроги“, велат од МВР.
Тој е приведен во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настаните против него ќе бидат поднесени соодветни поднесоци