Лишен од слобода полицаец кој со пушка пукал на семејна веселба во својот двор
При претресот, како што соопшти МВР, била пронајдена пушка „хуглу“ модел ХР 7, користена при кривичното дело и пиштол за светлосно звучна сигнализација „екол“, кои полицаецот ги поседува со дозвола и потврда за поседување на овој вид оружје
Полицијата денеска извршила претрес во домот на полицискиот службеник В. И. во скопското село Синѓелиќ откако претходно добила информации дека вработен во полициското одделение Петровец при СВР Скопје пукал на веселба во дворот од својот дом со што извршил кривично дело предизвикување општа опасност.
При претресот, како што соопшти МВР, била пронајдена пушка „хуглу“ модел ХР 7, користена при кривичното дело и пиштол за светлосно звучна сигнализација „екол“, кои полицаецот ги поседува со дозвола и потврда за поседување на овој вид оружје.